Што е IML?

IML e кратенка од иницијалите на фразата „In Mould Labeling“, или етикетирање во калап. Наједноставно - претходно испечатена етикета во посакуваната форма се поставува во калап кој го има обликот на крајниот производ. Откако растопениот полипропилен ќе се нанесе во калапот истиот се спојува со етикетата, со што се добива финален декориран производ со висок квалитет на принт.

Со „In Mould Labeling“ целиот процес е попрецизен, поефикасен, поекономичен и потраен, а секако и дека заштедува повеќе време. Изработката на калапот и лепењето на етикетата се изведува во еднократен процес, а сето тоа резултира со одличен производ. Покрај високо квалитетното пакување, се добива траен производ со голема естетска вредност. Клучот на успехот лежи во синергијата меѓу калапот и етикетата.

„Пламтекс“ ги следи најновите трендови во производството, со што постојано го проширува асортиманот на своите производи, остварувајќи врвен квалитет. Етикетирањето во калап или IML е составен дел од понудата на нашaтa компанија.

Станува збор за нова, иновативна и прогресивна технологија која отвара нови хоризонти во процесот на етикетирање, со одлична репутација во областа.

IML ги вклучува следниве производствени процеси:

Вбризгување (Injection molding)

Термоформирање (Thermoforming)

Издувување (Blow-molding)

Кои фактори ја прават IML технологијата супериорна во споредба со другите системи за етикетирање?

Високата резолуција на печатење добиена со офсет техника за печатење и можноста за етикетирање на целата површина на производот со сигурност ќе привлечат поголемо внимание врз производот.


Врвни перформанси во задоволување на хигиенските барања во прехранбената индустрија, добиени заради големата отпорност кон ненадејни промени во температурата и влажноста.


Благодарение на многу пократкото време на производство имаме поефективна и поефтина технологија, во споредба со употреба на сува офсет или самолеплива етикета.


Употреба на еко-пријателска технологија. Пакувањето и етикетата се направени од еден ист материјал и можат да бидат рециклирани.


Еден ист калап може да се употреби за производи од различни индустрии, со тоа што се декорираат со различни етикети.


Материјали со кои работиме

Пластиката е материјал кој се состои од широк спектар на синтетички или полу-синтетички органски соединенија кои се обработуваат хемиски и се обликуваат во цврсти предмети. За изработка на нашите производи употребуваме материјали од полиетилен, полипропилен и полистирен.

Машини за производство

Референтна листа