Совршени производи од пластика

За нас

„Пламтекс“ е семејна компанија со долгогодишна традиција на доверба. Лидер e во производство на калапи со високи перформанси во било каква форма (тип) и во изработка на секакви видови пластични производи.

„Пламтекс“ е компанија со седиште во Скопје, Македонија и е со 30 годишно искуство на пазарот. Основана е во 1988 година по иницијатива на Владимир Алексовски, кога и започнува со производство на пластични производи за потребите на фабриката за автобуси ФАС 11 Октомври. Од самите почетоци компанијата постепено расте, се развива и го проширува својот асортиман на производи, оправдувајќи ја довербата на своите клиенти.

25 машини

30 години семејна компанија

2.700.000 производи месечно

Материјали со кои работиме

Пластиката е материјал кој се состои од широк спектар на синтетички или полу-синтетички органски соединенија кои се обработуваат хемиски и се обликуваат во цврсти предмети. За изработка на нашите производи употребуваме материјали од полиетилен, полипропилен и полистирен.

Машини за производство

Референтна листа